“Скопски легури“ инвестира 30 милиони евра и отвора нови 182 работни места
“Скопски Легури“ за кратко време планира да пушти во употреба инвестиција поголема од 30 милиони евра, и отвора дополнителни 182 работни места, на кои веќе се вработени нови 109 работници, како резултат на почетокот со работа на новата линија за производство на фероникел во земјава, соопштуваат од компанијата.
Инаку, во “Скопски Легури“, во периодот од 18 до 21 јули, годинава, компанијата “Bureau Veritas“ изврши прва надзорна ревизија на функционирањето на системите за менаџмент согласно меѓународните стандарди за квалитет ИСО 9001:2008, екологија ИСО 14001:2004 и безбедност и здравје при работа ОХСАС 18001:2007.
“Во Извештајот на ’Bureau Veritas’ публикуван кон крајот на август, годинава, од страна на групата аудитори беше заклучено дека во ’Скопски Легури’ системите за менаџмент СМК и ИСМ функционираат и се усовршуваат, и како резултат имаме успешно завршена прва надзорна ревизија, а со тоа важноста на сертификатите е продолжена од 2011 до 2012 година“, велат од оваа компанија.
“Скопски Легури“ е една од само неколкуте компании во Македонија кои ги поседуваат овие три стандарди, сертифицирани по интегрирани системи.