Почитувани колеги!
Во 2013 година сите ние работевме со иста цел, се радувавме на успехот на секој вработен во фабриката како на наша заедничка победа и си помагавме еден на друг за да ги надминеме потешкотиите.
Во Скопски Легури работат извонредни луѓе, лојални кон претпријатието, посветени со душа и со срце, со богато искуство, знаење и моќ.
На сите Ви ја честитам Новата 2014 година и Божиќните празници и Ви посакувам здравје, среќа, просперитет и празнично расположение.
Нека во секое семејство владее радост и хармонија, да ги остварите сите замислени планови и да ги исполните сите Ваши желби.
Нека Новата Година Ви донесе нови искуства, надеж и оптимизам.
Со почит,
Генерален директор
Денис Корнијенко