Скопски Легури една од ТОП 10-те македонски компании кои користат најдобри HR практики во работењето
На 18–ти декември во хотелот Александар Палас во организација на Триаголник – Центарот за неформално образование беше одржана Конференција со наслов “Стратешкиот пристап во развојот на вработените, клучен за успехот на една организација”.
На оваа конференција 10 македонски компании, кои што користат најдобри практики за развој на вработените меѓу кои и Скопски Легури беа наградени со Признание, а награди им беа доделени и на тројца менаџери за човечки ресурси, меѓу кои беше наградена и Тања Филиповска - Пенкова.
Изборот на наградените компании беше направен од селекција која вклучуваше 100 компании и тоа врз основа на детална анализа на системите и практиките кои што ги применуваат компаниите за инвестирање во човечкиот капитал.
Овие награди се уште еден доказ за квалитетот и високото нивото на човечкиот потенцијал на вработените во Скопски Легури и имплементираните стандарди во работењето.
Во оваа прилика и честитаме на Раководителката на одделот за човечки ресурси во Скопски Легури Тања Филиповска – Пенкова за постигнатиот успех и посакуваме ова да служи како пример за останатите вработени во нашата компанија, чија што мотивација и квалитет во извршувањето на работните задачи треба да биде секогаш на највисоко ниво.
Подетално за настанот можете да се информирате на следниов линк:
Повеќе