Работна средба на претставниците од Скопски Легури со делегациjа од солунското пристаниште
На 11.12.2013 Генералниот директор на Скопски Легури Денис Корнијенко ја прими во фабриката делагацијата на топ менаџментот на Солунско пристаниште на чело со Генералниот директор Астериос Брозос.
На средбата беа разгледани аспектите од тековната соработка на компаниите како и плановите и перспективите за развој на двете претпријатија Скопски Легури и Тесалоники Порт во краткорочна и среднорочна перспектива.
Исто така за преставниците на пристаништето беше организирана и посета на производствените капацитети на Скопски Легури по целата технолошка линија од прием на суровини до плац на готов производ.
Како заклучок од средбата раководствата на двете компании го истакнаа високото ниво на кооперативност и ги одредија понатамошните активности во однос на проширувањето на областите на сооработка во иднина.