Почитувани вработени во Скопски Легури, деловни партнери и пријатели!
Во оваа прилика, кога истовремено ги празнуваме Велигденските празници и Денот на металурзите би сакал да Ви посакам здравје, добро расположение, среќа, оптимистички поглед за животот и значајни професионални достигнувања!
Професијата на металурзите во сите времиња се сметала за чесна и почитувана. Тоа не е само тешка туку и многу важна професија. Тоа е причината поради која што, оние кои работат во оваа област се личности со силна волја, упорни и посветени на својата работа. Истовременото празнување на Велигденските празници и на Денот на металурзите е потврда дека и во металургијата има нешто божествено! Нашите дела се насочени кон иднината, донесувањето значајни одлуки и постојаното усовршување на технологијата, подобрувањето на квалитетот на производите се нашата цел.
Денес сите ние заедно работиме на решавање на проблемот од огромно стратешко значење, а тоа е заживувањето и развојот на економијата, како главни услови за подобрување на благосостојбата на секој поединец. Металургијата како една од најзначајните индустриски гранки во Република Македонија во голем дел придонесува за тоа.
Затоа уште еднаш по повод овој свечен ден, Ви посакувам Вам и на Вашите најблиски, позитивна перспектива и верба во успех, добро здравје и благосостојба, просперитет и нови работни достигнувања!
Со почит,
Генерален директор
Денис Корнијенко