На 18ти февруари 2013 година, Стопанска комора на Македонија им додели признанија на менаџери кои инвестирале во нови производни погони во Република Македонија, во периодот на кризата, од 2008 година до денес.
Стопанската комора на Македонија, нашата најзначајна бизнис – заедница, пред две години токму на овој ден го промовираше новиот модел за економски развој на нашата држава. Централно место во него заземаше определбата за зголемување на производството и извозот, значи, токму она што присутните компании го прават во изминатите години во услови на криза. Ние тоа мора да го респектираме, потенцираме и поддржиме.- подвлече претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
На Скопски Легури и беше врачена Плакета во знак на признание за инвестициони активности во нови производни капацитети во Р. Македонија во услови на криза, која ја подигна Генералниот директор, Денис Корнијенко.
повеќе: http://www.mchamber.org.mk/(S(g3sfgd55o4ldmqmtctam1o55))/default.aspx?lId=1&mId=55&evt=2&evId=18125