На ден 30.01.2013 година, во 10 часот, Генералниот директор на Скопски
Легури ДООЕЛ, г. Денис Корнијенко, ја отвори спортската просторија
за вработените.
Физичката активност е најдоброто нешто што можете да го практикувате
за да го одржите и подобрите физичко и ментално здравје, а исто така и
да го подобрите имунитетот. Повеќе научни студии покажуваат
дека редовната физичка активност кај луѓето предизвикува зголемена
самодоверба, расположение, го намалува стресот и анксиозноста. Со
вежбањето го зајакнуваме мускулниот и кардиоваскуларниот систем, а
исто така и превентивно делуваме на многу болести.
Затоа со цел да им излеземе во пресрет на вработените, да им
овозможиме бесплатно користење на спортската опрема, за
подобрување и одржување на физичката кондиција, како и да го
зајакнеме корпоративниот дух отворивме спортска просторија за нашите
вработени. Повелете!
За сите информации во врска со користењето на спортската просторија,
обратете се до Раководителот на Обезбедување, Гоце Трајковски.