На сите вработени во Скопски Легури, на нашите соработници и сите верници од православна вероисповед им го честитам претстојниот празник Христовото Воскресение - Велигден.
Овој животворен ден, денот на Христовото Воскресение ни дава надеж и верба во подобро утре и ни дава поттик за меѓусебно почитување и постигнување повисоки цели.
Ова е празник на зближување со семејството, празник на хармонијата, љубовта и убавите мисли.
На вработените во Скопски Легури, кои како едно големо семејство сплотено работат веќе долги години почитувајќи ги Христовите учења за пожртвуваност, добрина и праведност и кои даваат сè од себе за нашата компанија да успее, им посакувам блажени празнични денови, мир и бериќет!
Со почит,
Денис Корнијенко
Генерален директор