Kомпанијата за производство на феролегури, Скопски Легури неодамна потпиша договор за проценка на можностите за ефикасно искористување на ферогасот во самиот процес на производство. Оваа соработка е основана во рамките на тригодишната програма "Почиста и поефективна индустрија во Македонија" имплементирана од Норск Енерги и Центарот за климатски промени, а финансирана од Владата на Кралството Норвешка. Скопски Легури аплицираше за учество во програмата и стана дел од неколку компании во Македонија кои соработуваа со оваа програма уште од 2009 година.
Целта на програмата е да се испитаат можностите за ефикасно искористување на ферогасот во процесот на производство на феролегури. За Скопски Легури ова ќе биде чекор напред во подобрувањето на енергетските и перформасите во животната средина, следејќи ги светските трендови. Скопски Легури и Норск Енерги ќе обезбедат тренинг за 2 одбрани студенти паралелно со проценките кои ќе бидат спроведени.
Во рамките на Договорот минатата недела компанијата беше посетена од страна на норвешките експерти при што е одржан состанок со раководството на Скопски Легури и стручни лица со цел утврдување на активностите кои треба да бидат имплементирани со цел спроведување на проценката. Исто така планирана е студиска посета за оние вработени во Скопски Легури кои ќе бидат вклучени во проектот со цел подобро запознавање со процесите за ефикасно искористување на гасовите од феролегурите при самото производство. За таа цел ќе биде посетена компанија во Норвешка која има сличен производствен процес како Скопски Легури и која имплементирано ваков проект, при што компанијата Скопски Легури ќе биде во можност да комуницира непосредно со норвешките експерти.
Скопски легури се спремни да подржат градење на капацитетите на млади инженери во металуршкиот сектор и се спремни да обезбедат тренинг за студентите од техничките универзитети во Македонија.