SKOPSKI LEGURI - FERROALLOYS PRODUCTION

21 март 2013 денот на пролетта, денот на екологијата

 

 

 

По повод деновите на екологијата и пролетта, нашата компанијата Скопски Легури,  со својот претставник, господинот  Горан Митевски - директор за општи прашања, активно  се вклучи во кампањата Скопје да стане Град на белите рози. Заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, господинот Тони Трајковски, директорот на ЈСП, како и претставници од  други компании и здруженија на граѓани, бели рози беа засадени на булеварот Александар Македонски, спроти ЈСП.

 

Скопски Легури секогаш со огромно задоволство одговара на поканите и се вклучува во ациите од овој тип, организирани од Владата на Република Македонија на градско и општинско ниво, во кои се промовираат позитивни вредности и со кои се облагородува животната средина.

 

Во понеделник, на 25-ти март 2013 година, по сопствена иницијатива, а во соработка со компаниите Макстил и Арчелор Митал во делот на обиколницата кај хотел Континентал, ќе се изврши облагородување на просторот со засадување  5000 бели рози, како донација.

 

Сите вработени во Скопски Легури ќе можат да ги посетат овие локации и во иднина ќе можат да уживаат во убаво уредениот простор во нашиот град.

 

 

LME Official Prices (US$/tonne) for

NICKEL
 CASH BUYER  
 CASH SELLER &  SETTLEMENT   
 3-MONTHS BUYER  

LME Official Opening Stock
(in tonnes)

NICKEL
 

Contact Information

Skopski Leguri DOOEL
Address:
16 Makedonska Brigada № 18,
1000 Skopje, R. Macedonia

Tel: +389 (2) 2603 406
Fax: +389 (2) 2603 400

E-mail: kontakt@skopskileguri.com