SKOPSKI LEGURI - FERROALLOYS PRODUCTION

“Скопски легури“ со намера да го прошири бизнисот

Вицепремиерот Зоран Ставрески е во посета на фабриката “Скопски легури“. Тој се сретна со раководството кое му ги презентираше резултатите од досегашното работење. Компанијата има намера да го прошири бизнисот со вклучување и на трета печка со што ќе го зголеми и бројот на вработени. Од друга страна побарано е од Владата логистичка поддршка, слично како и со “Метал стил“, каде што Владата најави купување дополнителни 100 вагони во железница за работа на компанијата.

Според вицепремиерот Ставрески, раководството на “Скопски легури“ било задоволно од бизнис амбиентот во земјава.

На прашање, до каде е Законот за енергетика, вицепремиерот вели дека Собранието работи динамично, а тој Закон ќе се разгледа штом дојде на дневен ред седницата на која е закажан.

Обвинувањата од некои фирми дека само “Силмак“ добива ноќни вишоци од струја, Ставрески вели дека на сите им било понудено, но некои или немале техничка можмост да ги прифатат, или веќе имале склучено договори за набавка на струја со други трговци, поради што само “Силмак“ ги добил ноќните вишоци. Но ако и во иднина се појави интерес во други копмании и ако има ноќни вишоци, ќе ги добијат, додава Ставрески.

На прашање за обвинувањата изнесени во Парламентот од страна на пратеничката Весна Бендевска, упатени кон вицепремиерот Ставрески, кон Чинговски, Здравев и Коњановски, во кои таа вели дека оваа четворка со нашла сива енергетска зона за добар бизнис, Ставрески не сака да коментира ништо. 

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=26984&kategorija=2

LME Official Prices (US$/tonne) for

NICKEL
 CASH BUYER  
 CASH SELLER &  SETTLEMENT   
 3-MONTHS BUYER  

LME Official Opening Stock
(in tonnes)

NICKEL
 

Contact Information

Skopski Leguri DOOEL
Address:
16 Makedonska Brigada № 18,
1000 Skopje, R. Macedonia

Tel: +389 (2) 2603 406
Fax: +389 (2) 2603 400

E-mail: kontakt@skopskileguri.com