SKOPSKI LEGURI - FERROALLOYS PRODUCTION

“Скопски Легури“ доби А дозвола за усогласување со оперативен план и сертификати за управители со отпад

 

Скопски Легури е прва компанија во поранешна Железара која на 09.08.2012 година доби А дозвола

за усогласување со оперативен план. Добивањето на А интегрирана еколошка дозвола

за усогласување со оперативен план е резултат на континуираното залагање за усовршување

и модернизација на производството, како и имплементирање на строгите еколошки стандарди што

се компатибилни со оние во Европската унија. 


Од 2006 година, по влезот на Скопски Легури во Топилница-Железара, инвестирани се 110

милиони евра, од кои над 40 милиони евра се директно инвестирани во унапредување

на производството и заштитата на животната средина“, изјави денес Денис Корнијенко,

генерален директор на Скопски Легури.


Исто така, согласно со членот 21 од Законот за управување со отпад Скопски Легури ДООЕЛ спаѓаат

во групата на компании кои се должни да назначат најмалку едно стручно оспособено лице

управител со отпад, кое мора да биде вработено во компанијата и истото да биде обучено и да

поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или

постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање.


Скопски Легури им овозможи на свои три вработени по предавањата и обуката за стручна

оспособеност за управители со отпад, од Министерството  за животна средина да ги добијат

првите Уверенија на новите управители со отпад.


 

Со добивањето на  А дозвола за усогласување со оперативен план и Уверенијата на новите

три управители со отпад, Скопски Легури се подготвени за менаџирање со оваа дозвола и

ги потврдуваат своите заложби за поздрава и почиста животна средина. 

 

 

                                 

http://www.mkd.mk/55291/makedonija/skopski-leguri-dobi-integrirana-ekoloska-dozvola/

LME Official Prices (US$/tonne) for

NICKEL
 CASH BUYER  
 CASH SELLER &  SETTLEMENT   
 3-MONTHS BUYER  

LME Official Opening Stock
(in tonnes)

NICKEL
 

Contact Information

Skopski Leguri DOOEL
Address:
16 Makedonska Brigada № 18,
1000 Skopje, R. Macedonia

Tel: +389 (2) 2603 406
Fax: +389 (2) 2603 400

E-mail: kontakt@skopskileguri.com